Хроника 07. ноември 2018. / 20:58

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево: Неофицијално има жртви

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево: Неофицијално има жртви

Тешка сообраќајна несреќа вечерва после 19 часот се случи на магистралниот патен правец Охрид–Кичево во близина на селото Подмоље, објави Нова Македонија.

Сообраќајот е во прекин, а на лице место веќе се пристигнати екипи на службата за итна медицинска помош и на полицијата.

Според неофицијални информации има жртви во несреќата.