Вчера во 20,10 часот, на регионален пат Куманово – Скопје кај село Никуштак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ управувано од А.А.(30) од село Никуштак и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Б.(21 ) од село Орланце, скопско.
По незгодата А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им се констатирани тешки телесни повреди, по што А.А. е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.