Хроника 06. мај 2018. / 18:44

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево (ФОТО)

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралата Гостивар-Кичево, објави МКД.мк.

Сообраќајката се случи меѓу две патнички возила, кај првиот каменолом во правец кон Кичево, велат од тетовската полиција.

Екипа на МВР врши увид на местото на несреќата.

Неофицијално, има и едно загинато лице во сообраќајката.