Вчера околу 7 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Церовски мост, патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистерки таблици, што го управувал 50-годишниот гостиварец Г.Г, од докрај неутврдени причини изгубило контрола, удрило во карпа и се превртело на кров, пренесува ТВ21.
Возачот со тешки повреди бил во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
По извршениот увид се утврдува причината за излетувањето на возилото и другите околности.