Вчера во 17,00 часот во Скопје на булевар „Никола Карев“ 48- годишниот Ш.Х од Косово, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера, се вели во соопштение од МВР.
По незгодата лицето во тешка состојба е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, каде е констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на настанот.