Хроника 02. февруари 2019. / 10:52

Тешка несреќа кај Делчево – маж со тешки повреди итно пренесен на клиника

Тешка несреќа кај Делчево – маж со тешки повреди итно пренесен на клиника

Несреќа на локалниот пат Габрово – Делчево, маж тешко повреден со Брза помош итно пренесен на скопските клиники. Како што информираат од полицијата, вчера во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од село Габрово, изгубило контрола, удрило во брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот. Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.