Хроника 09. јуни 2020. / 21:15

Тешка кражба во општината во Арачиново

Тешка кражба во општината во Арачиново

Секретарот во општина Арачиново вчера во 08.00 часот, пријавил дека за време на карантинскиот викенд, во периодот од 16.00 часот на 04 јуни до 08.00 часот на 8 јуни, непознат сторител извршил тешка кражба во општина Арачиново.

Според пријавеното, информираат денеска од МВР, сторителот со употреба на сила влегол во општината, а со дополнителен попис од одговорните лица во општината ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.