Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, а алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С., таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С.
Вчера во 14 часот било пријавено дека во нива во скопско Усје, С.С. (47) го нарушила јавниот ред и мир напаѓајќи ја Л.С.(59) од населбата.
Додека Л.С. работела во нивата заедно со сопругот, алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С. По извесно време таа С.С.ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. по главата по што и нанела видлива повреди. После тоа, ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.