Хроника 22. август 2018. / 15:57

Тепачка во тетовско: Не ги послужил убаво, па го истепале

Синоќа околу 02:40 часот во угостителски објект во село Желино, тетовско бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу К.И.(28) и Х.И.(22), двајцата од село Ларце, тетовско, од една страна и Ф.С.(25) од Желино, од друга страна.

Тепачката настанала по претходна расправија на К.И. и Х.И. (гости во објектот) и Ф.С. (вработен) околу послужувањето на нарачаната храна.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.