Вчера било пријавено дека во угостителски објект во село Сарај-скопско нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Х.О.(53), Х.Ф.(56), Н.А.(46), А.Л.(49) и 17 годишно лице од една страна и лицата Б.В.(33), Б.Т.К.(26), К.А.(26) и В.Ф.(21) од другата страна, инаку сите од Скопје, сопшти МВР.
Причина за тепачката била нерасчистени семејни односи и меѓусебно нетрпение. На лицата во Полициско одделение Сарај им биле изготвени записници за констатиран прекршок.