Двајца затвореници во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово се степале, по што едниот од нив завршил во кумановската болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Настанот во полиција го пријавил вработен во затворот.
– Во Полициска станица Куманово, вчера во 22:40 часот вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С. С. (30) од с.Ропаљце – Липково и М. М. (25) од Куманово, пo што С. С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, стои во билтенот на МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.