Хроника 03. февруари 2020. / 20:10

Тепачка во дворот на „Хемиско“, ученик прободен со нож

Тепачка во дворот на „Хемиско“, ученик прободен со нож

При тепачка меѓу ученици попладнево во дворот на училиштето „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, со остар предмет е рането 18-годишно момче.

Станува збор за ученик од ова училиште. Како што се дознава, во тепачката учествувале околу 10 лица кои потоа побегнале кон булаварот „Србија“.

Повредениот ученик е префрлен во Ургентниот центар на клиниката Мајка Тереза.