Хроника 06. јуни 2018. / 17:17

Тепачка меѓу затвореници во Идризово

Тепачка меѓу затвореници во Идризово

Тепачка меѓу двајца затвореници од затворот во Идризово се случила вчера утринава.

-Околу 08,00 часот во полуотвореното одделение Џ.М.(50) од Скопје кој издржува казна затвор, физички нападнал друг затвореник И.П.(35) исто така од Скопје. Сторителот со употреба на нож му нанел гребнатина во десната подколеница на И.П., информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.