Во физичката пресметка учествувале две групи – семејството на И.П. и нивните пријатели и семејството на А.Б. и нивните пријатели. Во тепачката биле користени разни предмети од двете страни.
Притоа со телесни повреди се здобиле лицата Б.Е. (33) од Тетово, И.Б. (27) од Гостивар, А.Б. (34) од Гостивар, Е.П. (32) од Гостивар, Е.П. (22) од Гостивар, М.П. (49) од Гостивар и Е.Н. (18) од Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобило лицето Б.Ф. (26) село Теарце, Тетовско. Тој, по укажаната помош во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.