Телото на починатата актерка Билјана Беличанец е предадено на обдукција, потврдија од Скопското јавно обвинителство за „Макфакс“. Oд таму велат дека синоќа бил извршен увид oде дежурен јавен обвинител, увидни екипи на МВР и двајца обдуценти.
Донесена е наредба за истрага и телото е предадено на обдукција. Неофицијално, безживотното тело на актерката е пронајдено во стан поточно во бањата.
Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годинa.
Последни претстави ѝ се „Генетика на кучињата“ и „Последните Македонци“ во Драмскиот театар.