Хроника 29. јули 2018. / 12:55

Тело на мртов 25-годишен маж е донесено во скопска болница без траги од насилство

Тело на мртов 25-годишен маж е донесено во скопска болница без траги од насилство

Дваесет и петгодишен скопјанец вчера бил донесен починат во Клиничката болница „Аџибадем – Систина“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Клиничката болница „Аџибадем – Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат А.И. (25) од Скопје.

Лекар констатирал смрт кај момчето без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.