По кусо боледување, во Скопје, на 60 години почина спортскиот новинар Милутин Станковиќ.
Станковиќ работеше во дневниот весник „Нова Македонија“ до 2000 година, кога премина во дневниот весник „Вест“, каде долги години беше уредник на спортската редакција.
Погребот ќе биде в недела на градските гробишта во Бутел во 15.30 часот (14.30 во капела).