Почина Хајан Селмани, сопственик на компанијата Haselt, која освен во земјава, има канцеларии во Америка и Европа.
Тој важеше за еден од најпрогресивните македонски претприемачи, говорник, филантроп, учесник во многу акции, човек кој понудил извозни решенија во ИТ секторот. Одржал најмалку 400 предавања и јавни говори на тема претприемништво, технологија, лидерство и мотивација.