Хроника 01. декември 2018. / 18:47

Тажна вест: Почина академик Иван Катарџиев

Тажна вест: Почина академик Иван Катарџиев

Почина Иван Катарџиев (92), член на Македонската Академија на Науките и Уметностите, македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик. Од 1972 до 1978 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Иван Катарџиев е истакнат научник со вонредно богат научен опус во областа на историските науки. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ.

Тој е автор на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на 19 и од првата половина од 20 век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација.