Хроника 26. мај 2019. / 16:11

Тажна вест: Почина адвокатот кој тврдеше дека Борис Трајковски бил убиен

Тажна вест: Почина адвокатот кој тврдеше дека Борис Трајковски бил убиен

По кусо и тешко боледување, утрово почина познатиот адвокат Игнат Панчевски (69), објави порталот Независен.

Изминатите години тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и оти воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава.

Во 2013 година, Панчевски беше застрелан со еден куршум во левата потколеница. Инцидентот се случи во Бутел.

Се обидуваше да ја расветли и измамата во ТАТ, а пресмета и дека над пет милијарди евра биле извлечени од Македонија преку криминал.

Посмртните останки ќе бидат изложени во вторник во капелата на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.