Хроника 21. декември 2019. / 21:18

Тажна вест: Актерката и режисерка Милиана Ленак се самоубила

Тажна вест: Актерката и режисерка Милиана Ленак се самоубила

Актерката и режисерка Милиана Ленак (Додевска) вчера претпладне со скок од зграда си го одзела животот, објави Телма. Информацијата ја потврдиле и од МВР. Известуваат дека трагичниот настан се случил на 20.12 2019 година во 11 и 3о часот.

Таа имаше 41 година и беше самохрана мајка, а зад себе остави малолетна ќерка.

Ленак е основач на детскиот „Буден театар“, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал „Фенер“.