Хроника 05. април 2018. / 13:27

Татко очајно си ја бара ќерката: Девојче исчезна во Драчево

Татко очајно си ја бара ќерката: Девојче исчезна во Драчево

Татко пријавил денеска во полициската станица во Скопје дека исчезнала неговата 14 годишна ќерка, соопшти МВР.

К.Л.(53) од Скопје изутрината во 4:20 часот во полициската станица Драчево пријавил дека неговата ќерка околу 16:00 часот излегла од дома и се упатила во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.