Хроника 11. октомври 2018. / 14:41

Танчерки уапсени во објекти во Тетово – ги забавувале гостите

Танчерки уапсени во објекти во Тетово – ги забавувале гостите

Во изминатите два дена, службеници од СВР Тетово направиле контроли врз неколку угостителски објекти во кои биле затекнати 16 девојки кои ги забавувале гостите. Од нив, 7 биле од Македонија, пет девојки од Албанија, и четири од Србија.

„Во периодот од 22:00 часот на 10.10.2018 година до 02:00 часот на 11.10.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Н.Ш.(42) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати 10 девојки (пет од Република Македонија и пет од Република Албанија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Во периодот од 00:50 часот до 02:00 часот на 11.10.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во Тетово, лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Желино, сопственост на А.Х.(46) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати шест девојки(две од Република Македонија и четири од Република Србија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.“, се вели во соопштнието на МВР.