Чести се случаите за еден настан полицијата да добие две различни пријави од учесниците, па оттаму апелот на СВР Тетово граѓаните да избегнуваат лажно пријавување. Од полицијата посочуваат дека и не е важно кој прв пријавил туку одговорноста на учесниците во тие настани.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека лажното пријавување на кривично дело, исто така, претставува кривично дело за кое е предвидена и затворска казна од 3 месеци до 3 години (член 366 од Кривичниот законик). На граѓаните им се укажува и тоа дека лажното повикување на помош или предизвикување излегување на службено лице на државен орган или на јавна служба се санкционира со изготвување на соодветен поднесок и со парична глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност, согласно член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се вели во денешниот апел на СВР Тетово.
Со оглед дека се прават разни обиди од граѓаните да се јавуваат кај полицајци, од СВР Тетово со напомена дека единствено валидна телефонска пријава е повикот кон бројот 192.
Граѓаните сите безбедносни настани и појави да ги пријавуваат на бесплатниот телефонски број 192, за да може брзо и ефикасно да се реагира и да се преземат потребните мерки и активности. Пријавувањето на телефонскиот број 192 со точни податоци (време, место и содржина на слученото) им овозможува на службите на СВР Тетово оперативно да се подготват и максимално професионално да постапат во реализација на законски предвидените задачи, потенцираат од СВР Тетово