Хроника 23. јуни 2020. / 16:21

СВР Скопје: Доказите за случајот „теретана“ се различни од прикажувањето во јавноста

СВР Скопје: Доказите за случајот „теретана“ се различни од прикажувањето во јавноста

Доказите се различни од она што и беше презентирано на јавноста, тврди началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, во врска со наводната видео – снимката од Христијан Мицкоски во теретана за време на пандемија.

Ставревски вели дека полицијата ги собрала сите докази за случајот и ги доставиле до обвинителството од каде треба да кажат дали партискиот лидер ги прекршил здравствените мерки.

Мицкоски тврдеше дека се работи за снимка стара најмалку половина година.