Хроника 21. February 2019. / 19:24

Сведоштво на жител за пронаоѓањето на телото на исчезнатиот скопјанец во дол

Сведоштво на жител за пронаоѓањето на телото на исчезнатиот скопјанец во дол

Досие.мк во потрага по информацијата дека скопјанецот кој беше пријавен дека е исчезнат го обиколи теренот околку населбата Нерези. Локален жител кој сакаше да остане анонимен ни раскажа како дознал за смртта на момчето.

Додека седев на клупите дојдоа момчиња и прашуваа за автомобил и го опишаа момчето. Тие прашуваа како да се качат на височинката над тунелите овде на почетокот од Нерези. Јас им кажав и заминаа. По десетина минути потресени се вратија. Кажаа дека ја нашле неговата кола заклучена и кога го пребарале теренот го виделе телото во долот. Повикаа полиција брза помош. Но само констатираа дека е починат. Никој не знае што се случило. Телото личеше како да е истркалано од височинката и застанато меѓу дрвата пред каналот. Полицијата направи увид и го однесоа, раскажа за ДОСИЕ.МК жител на населбата.

И другите жители во близина беа вознемирени оти кога слушнаа дека се работи за момчето се бараше преку социјалните мрежи. Не знаеа како дошол зошто дошол и дали бил сам.

Повеќе на Досие.мк