Хроника 15. февруари 2019. / 10:50

Сведоштво на човек кој спаси неколку животи: Крв течеше на сите страни, се слушаа пискотници

Сведоштво на човек кој спаси неколку животи: Крв течеше на сите страни, се слушаа пискотници

Траги од крв, искршени стакла и остатоци од личните работи на патниците се сведоци за тешката автобуска несреќа, на патот Тетово-Скопје, кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 14 лица.

Мештаните, за Вечер, велат било ужасно и посакуваат никогаш да не се повтори.

– Да не се повтори никогаш. Беше ужасно. Автобусот беше превртен на кров, а однатре се слушаа пискотници. Крв течеше на сите страни. Во мојот автомобил ставив шестмина од повредените. Меѓу нив беше и возачот на автобусот кој беше во полусвесна состојба. Сите ги однесов во болницата. Кога пристигнав со повредените на дежурните лекари им кажав дека ситуацијата е алармантна и дека има многу повредени и загинати. Веднаш по ова лекарите ги известија надлежните служби и почнаа да се праќаат медицински екипи од сите здравствени установи кон Ласкарци. – треперејќи Зибери ја опиша морничавата ситуација за Вечер.