Хроника 29. октомври 2018. / 17:21

Сведок на СЈО си го вработиле во Паркинзи на Општина Центар

Сведок на СЈО си го вработиле во Паркинзи на Општина Центар

Драган Димитровски, сведок кој во својство на „загрижен граѓанин“ бил присутен на седницата во општина Центар во 2013 година, на која се донесувале одлуки за ДУП-ови, не посочи ни еден од присутните на обвинителната клупа.

Тој раскажа во кое својство бил дента во општината и рече дека не препознава никој во судницата кои се обвинети за случајот. Исто така, сведокот рече дека додека траеле настаните околу општината, тој излегувал и влегувал во бараките и никој од толпата не го нападнал.

Сведокот кој како што рече пред судот бил „животно заинтересиран“ за ДУП-овите, потврди дека подоцна во 2016/17 бил вработен во ПОЦ.