Хроника 02. август 2019. / 09:45

Судар меѓу неколку автомобили на автопатот Тетово-Скопје

Судар меѓу неколку автомобили на автопатот Тетово-Скопје

Околу 300 коли утрово беа заглавени на автопатот Тетово- Гостивар, поради сообраќајна несреќа. Според она што го објави Курир се судриле најмалку 5-6 возила, а имало и неколкумина повредени.

Се уште не е расчистен целосно овој дел од автопатот, а поголем дел од возилата се насочени преку Боговиње. Сообраќајката, според првичните информации се случила после третата наплатна рампа.