Хроника 23. мај 2018. / 15:22

Стружанка пронајдена во Скопје, а пронајдено и дете кое исчезнало минатата година

Стружанка пронајдена во Скопје, а пронајдено и дете кое исчезнало минатата година

Полицијата информира дека во изминатите два дена се пронајдени две лица кои биле пријавени за исчезнати.

Стружанката Б.М. (53) која била пријавена за исчезната на 16-ти месецов била пронајдена вчера во Скопје од страна на полициски службеници.

Пред два дена пронајден бил и М.С.(21) од село Морани, скопско, кој бил пријавен за исчезнат на 30.11 минатата година во Полициската станица Драчево.