Хроника 19. февруари 2021. / 19:15

Струмичанка пронајдена мртва својот дом: Има сомневања дека се работи за убиство!

Струмичанка пронајдена мртва својот дом: Има сомневања дека се работи за убиство!

Во куќа на улица „Балканска“ во Струмица попладнево е пронајдена мртва жена на 67 – годишна возраст.

Веста ја потврдија од струмичката полиција, од каде информираа дека на местото на настанот се полициски екипи и се врши увид,

И од Основното јавно обвинителство во Струмица потврдија дека заменик – јавен обвинител врши увид во куќата каде е пронајдена жената, но повеќе детали не се соопштуваат.

Увидот се уште трае, а од полицијата повеќе информации најавуваат за подоцна.

Медиумите информираа дека има шпекулации и сомневања дека можеби се работи за убиство.