Хроника 10. јуни 2018. / 14:10

Струмичанка нападнала полицаец во Битола

Струмичанка нападнала полицаец во Битола

Вчера околу 10.00 часот на улица „Филип 2-ри Македонски“ во Битола, додека неколку полициските службеници преземале службено дејствие отстранување на товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, З.А.(27) и С.А.(24), двајцата од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отсранувањето на возилото.

Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола.

Лицата се приведени во ПС Битола за понатамошна постапка.