Хроника 27. јануари 2020. / 12:29

Струмичанец застрелан додека бил на лов

Струмичанец застрелан додека бил на лов

Струмичанец додека бил на лов заедно со други лица, вчера бил погоден од ловен патрон во пределот на градите при што се здобил со тешки телесни повреди.

МВР соопшти дека вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанот се случил во 8:00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, а погоден бил 64-годишен маж од Струмица, кој со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според пријавеното, патронот бил испукан од 69-годишно лице, кој заедно со повредениот биле на лов.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.