Вчера во 15.45 часот на регионалниот пат Дојран- Богданци, во близина на браната „Паљурци“, при контрола на патничко возило „Фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, полициски службеници од слобода го лишиле П.К. (30) од Струмица, кој се барал по наредба од Основниот суд Струмица.
При прегледот на лицето, во јакната била пронајдена марихуана спакувана во лимена кутија. Со лицето бил извршен разговор и по изготвување на потребната документација тој ќе биде предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.