Хроника 22. ноември 2018. / 19:02

Страшно: Во Кавадарци се запали автомобил во движење

Страшно: Во Кавадарци се запали автомобил во движење

Се запали „Пежо 307” во движење попладнево во Кавадарци, потврдија од Територијалната противпожарна единица.

Во возилото во моментот на пожарот бил само средновечниот возач, кој за среќа не е повреден.

-Станува збор за возило со кавадаречки регистарски ознаки. На почетокот граѓани се обиделе самите да го изгаснат пожарот, а ја повикале и противпожарната единица. Наша екипа од тројца пожарникари и едно противпожарно возило веднаш по дојавата пристигна на самото место и интервенираше, по што пожарот беше изгаснат. – појаснија од противпожарната служба.

Се утврдуваат причините за пожарот и направената материјална штета.