Малолетно момче било нападнато во угостителски објект во Дојран, а неговиот татко случајот го пријавил во полиција.
Вчера во 23:40 часот во СВР Струмица, 50-годишниот Т.А. од Нов Дојран пријавил дека истиот ден околу 20:00 часот во угостителски објект бил физички нападнат неговиот 17 годишен син од С.С. од Дојран.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, информира МВР.