Хроника 03. ноември 2018. / 11:02

Страшно: Тинејџер прегазил врсник во велешко

Страшно: Тинејџер прегазил врсник во велешко

Петнаесет годишно дете било тешко повредено откако било прегазено од мотоцикл што го управувал негов врсник, вчера во велешкот село Бузалково.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 21.30 часот во селото Бузалково, кога 15-годишник од селото, управувајќи мопед „кивеј“ со велешки регистарски ознаки, удрил во 15-годишниот пешак од истото село.

Во сообраќајката пешакот бил тешко повреден, а мотоциклистот се здобил со полесни повреди.

Двајцата повредени биле однесени во Општа болница во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.