Хроника 20. јуни 2018. / 11:02

Страшно: Се обидел да силува тинејџерка додека напасувала овци во виничко

Триесет и шест годишна жена од виничко село вчера пријавила дека пред два дена во периодот од 14.00 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16 годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува.

Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.