Пет лица полесно повредени, изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје во 12 сообраќјни несреќи.
Полицијата санкционирала 21 возач бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 18 возачи. Од нив 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица биле возачи почетници.
Сообраќајците исклучиле 16 возила од сообраќај бидејќи 14 биле нерегистрирани, а две технички неисправни.
Санкционирани се четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден неправилно се престроил.
Во текот на изминатиот ден биле издадени 110 мандатни платни налози, додека исто така 62 возила се подигнати со „пајак”.