Лице на возраст од 73 години, со тешки телесни повреди, е пренесено во кумановската болница откако во него удрил автомобил во близина на центарот на Куманово.
На 05.09.2019 во 12.10 часот на крстосница од ул.„Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.