Хроника 10. октомври 2018. / 11:21

Страшна сообраќајка во Велес – мотоциклист тешко повреден

Страшна сообраќајка во Велес – мотоциклист тешко повреден

Околу 15,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „8-ми Септември“ со улицата „Архиепископ Михаил“ и улицата „Страшо Пинџур“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Тумопар“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 47-годишниот И.К. од Велес и мотоцикл „Кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.Ѓ. од Велес.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на мотоциклот „Тумопар“.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Општата болница – Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.