Хроника 04. мај 2018. / 12:53

Страшна сообраќајка во Скопје: Мотоциклист итно пренесен на Клиника

Вчера во 11:40 часот на улицата „Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда ЦРВ-600“ управуван од 39-годишниот А.М. од Скопје и товарно моторно возило „Пежо Боксер“ со скопски регистерски таблици управувано од 36-годишниот С.Р. од Скопје.

Во незгодата А.М. се здобил со повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ заради укажување на лекарска помош. Од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.