Хроника 11. јули 2018. / 22:40

Страшна сообраќајка вечерва на Партизанска: Прегазен пешак во Скопје (ФОТО)

Страшна сообраќајка вечерва на Партизанска: Прегазен пешак во Скопје (ФОТО)

Најмалку три лица се повредени и однесени со брза помош во болница, по страшната сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20 часот, на крстосницата помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и „Климент Охридски”.

До несреќата дошло кога едно од возилата удрило во друго возило, па во пешакот, велат извори за „Макфакс“.

Позната новинарка на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ја посведочила несреќата и раскажа дека пешакот бил брутално прегазен.