Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“.
Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале автомобил „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од с.Дабиле, струмичко.
-В.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од с.Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од с. Дабиле, струмичко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.