Хроника 24. мај 2019. / 11:33

Страшна сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Едно лице загина на пат кон Клинички

Страшна сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Едно лице загина на пат кон Клинички

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случи на патниот правец Кичево-Охрид.

Во несреќата учествувале мотоцикл „Сузуки“ и камион „Мерцедес“.

Од МВР соопштија дека вчера околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш-Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево. На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.