Дваесет минути по полноќ на магистралниот пат Градско-Прилеп, патничко возило „Опел Астра“, управувано од 37-годишниот О.И. од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија.
Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.
За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.