Хроника 25. август 2018. / 10:21

Страшна сообраќајка: Едно лице тешко повредено на патот Тетово – Попова Шапка

Страшна сообраќајка: Едно лице тешко повредено на патот Тетово – Попова Шапка

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, поточно во село Гајре.

Според информацијата на МВР, во несреќата учествувале „бе-ем-ве“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(31) од село Шипковица и возило „цитроен“ со италијанска национална ознака, управувано од М.Д.(32) од Албанија, а со место на живеење во Италија.

Во незгодата сопатникот од возилото „цитроен“ Ф.И.(61) од село Бозовце се здобил со тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување во Клинички центар Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.