Страшна несреќа се случила на патот Гостивар-Кичево каде загинал мотоциклист.
Според податоците од МВР во 14,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл “Јамаха“ со скопски регистерски таблици, управуван од 25-годишниот А.Х. од селото Здуње-гостиварско, и трактор со приколка управуван од 26-годишниот А.Ш. од селото Равен-гостиварско.
На местото на настанот од здобиените повреди починал возачот на моторциклот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.