Хроника 20. ноември 2020. / 20:59

СТАТИСТИКА: Коронавирусот убива по едно лице на секои 8 секунди

СТАТИСТИКА: Коронавирусот убива по едно лице на секои 8 секунди

Коронавирусот убива по едно лице на секои 8 секунди на светско ниво.

Оваа застрашувачка статистика доаѓа од податоците достапни на официјалниот сајт на Светската здравствена организација, who.int.

СЗО успеа да регистрира 9989 нови смртни случаи од коронавирусот во последните 24 часа, правејќи го вчерашниот ден трет најсмртоносен од почетокот на пандемијата.

Во Европа, каде случаите се во голем пораст во повеќе земји низ континентот, ситуацијата е слична – директорот на СЗО за Европа предупреди дека на континентот умира по една личност на секои 17 секунди.

Ова би значело дека во 5-те минути кои ви се потребни да прочитате една вест како оваа или пак да завршите некоја ситна обврска, 37 луѓе би умреле од вирусот.

На 17-ти април, како што пандемијата се разгоруваше низ светот, стапката на смртност го достигна врвот убивајќи 12,432 лица во еден ден.

Вториот најсмртоносен ден пак, беше на 15-ти август, кога 10,016 луѓе ги загубија своите животи од Ковид-19.