Хроника 28. септември 2018. / 12:04

Старица прегазена во Петровец

Старица прегазена во Петровец

Вчера утро во 07,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица “1“ во село Петровец патничко моторно возило “Мазда 6“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Д.(56) од Скопје удрил во пешак Г.Д.(77) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Д. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.